Џудо клубот „Дрим“ Струга освои 6 медали на меѓународните натпревари во Зворник и Алексинац

- Локални, Спорт
176

Џудо клубот „Дрим“ Струга викендов настапија на два меѓународни натпревари „Трофеј Зворника“ во Босна и Херцеговина и „Алексинав 2024“ во Србија каде што освоија 6 медали од кои 2 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.

Со медали се закитија:

Златен медал: Мила Стојанова и Анамарија Стојмиловска;

Сребрен медал: Амар Бајрамоски, Мила Стојмиловска и Елеонора Јосифовска;

Бронзен медал: Софија Матоска.

Одличен настап имаа и Давид Спироски, Драгица Рафтоска, Јован Наумоски и Матеј Димитроски но не успеаја да се закитат со медали.

– Сакаме да изразиме честитки до организаторите за организацијата и голема благодарност за гостопримството -истакнаа од Џудо клубот „Дрим“ Струга.

StrugaOnline

 

 

Facebook Коментари