Екипата на ЖРК Струга 2024 со победа ја заврши полусезоната
Пионерките на ЖРК Струга 2024 со победа ја завршија есенската полусезона, беа подобри од екипата на Шампион со 22:8.

– Успешно завршен првиот дел од нашата прва сезона во пионерската лига кој го завршивме на солидно 2 место. Благодарност до сите кои помагаат новиот клуб да расте и девојките да покажат дека сепак Струга е расадникот на ракометот. – изјави Владимир Паноски тренер на ЖРК Струга 2024.
StrugaOnline

