Песната „Last Christmas“ на британското дуо „Wham“ беше објавен во 1984 година и стана незаменлив дел од празничните прослави. Иако поминаа четири децении од неговото објавување, „Last Christmas“ останува еден од најголемите хитови во овој период од годината.
Поточно, издадена е грамофонска плоча на која се наоѓала заедно со песната „Everything She Wants“, од чија продажба Џорџ Мајкл и Ендру Риџли ги подариле сите средства на гладните во Етиопија.
На Јутјуб официјалното видео има речиси 1 милијарда прегледи и речиси 280 илјади коментари. Интересно е што песната е создадена спонтано, Џорџ Мајкл ја напишал и изработил во текот на еден викенд во неговата спална соба. Иако се смета за божиќна класика, текстот на песната е всушност за тажна љубовна приказна и не е за Божиќ.
Оваа година, швајцарскиот ски-центар Саас-Фи ја одбележува 40-годишнината од песната, бидејќи токму таму во 1984 година беше снимен спотот за „Last Christmas“. На прославата на годишнината, посетителите можат да уживаат во караоке кабини, тури со водич и „Wham“ тематски коктели.
StrugaOnline
Facebook Коментари