Естер Ледецка и официјално е стана прва личност во историјата која освоила злато во два различни спорта на една иста олимпијата (ЗОИ 2018).
Таа освен во својот примарен спорт – сноубординг, злато освои и во супервелеслалом, факт кој предизвика и изненадување но и воодушевување и кај публиката и кај стручната јавност.
„Ова е фантастично. Ова е нешто навистина посебно и ќе мислам на овој момент до крајот на животот. Уживав во секоја трка и среќна сум што сум на врвот на подиумот“, изјавила Ледецка.
Ледецка има интересна биографија, ако се земе во предвид дека застанала на скии кога имала само две години, а три години подоцна почнала да вози и сноуборд, дружејќи го својот брат Јонас.
„Од почеток имаше луѓе кои ми кажуваа дека не можам да бидам најдобра во два спорта, но јас сакав да пробам“, вели Ледецка.
Facebook Коментари