Ракометарите на Пелистер славеа над Охрид

- Спорт
786

Ракометарите на Пелистер ја совладаа екипата на Охрид во нивниот трет пријателски натпревар.

Пелистер имаше убедлива победа (31:24), но и ракометарите на Охрид покажаа одлична игра.  Најпрво водеа с0 6:8 , но домашните направија серија од 4-1  и поведоа со 10:9. Пелистер успеа да ја задржи гол предноста и на крајот на првиот дел,  кога на одмор отиде со резултат 15:14.

На почетокот на второто полувреме охриѓани успеаа да поведат со 17:18, но Пелистер повторно направи серија за 21:19

Kон крајот на натпреварот голманот Брауновиќ имаше неколку одбрани и на крај победата на Пелистер беше убедлива.

Следниот викенд почнува пролетниот дел од сезоната, со 15 коло од регуларниот дел во Суперлигата.

Извор:24rakomet

Facebook Коментари