Лев банер Десен банер

FC Young Team со прво и трето место на фудбалскиот турнир „Еуроспорт Куманово“ и МВП признание во своите редови

Голем успех за младите фудбалери на FC Young Team на меѓународниот турнир „Еуроспорт Куманово“, еден од најголемите и најсилните детски фудбалски турнири во Македонија.

Генерацијата 2017 го освои првото место во силна конкуренција на екипи и фудбалски школи од Италија, Шведска, Белгија, Србија, Црна Гора, како и дел од најдобрите фудбалски школи од Македонија.

Успехот е уште позначаен ако се земе предвид дека во составот на генерацијата 2017 настапуваа и три фудбалери од помладата генерација 2018, кои заедно со своите соиграчи стигнаа до шампионскиот пехар.

Покрај екипниот успех, FC Young Team доби и индивидуално признание – Дарин Салкоски беше прогласен за МВП, односно најдобар играч на турнирот во генерацијата 2017.

Одличен настап имаше и генерацијата 2019 на FC Young Team, која го освои третото место, со што клубот го заокружи успешниот настап во Куманово со два пласмани на победничкиот подиум.

Одличен турнир за FC Young Team – прво место за генерацијата 2017, трето место за генерацијата 2019 и МВП признание во своите редови.

StrugaOnline

error: