Лев банер Десен банер

Пионерите на РК Струга со победа, кадетите пораз и реми за сениорите

Богат и возбудлив ракометен викенд е зад екипите на РК Струга, кои имаа настапи во пионерската, кадетската и сениорската конкуренција. Стружани забележаа по една победа, пораз и реми, во три натпревари исполнети со борба и неизвесност.

Најмногу причина за задоволство имаат пионерите на РК Струга, кои на домашен терен одиграа одличен натпревар и убедливо го совладаа РК Бутел Скопје со 29:14.

Стружани беа доминантни во текот на целата средба, контролирајќи го резултатот и темпото на играта. Со сигурна одбрана и ефикасен напад, домашниот состав стигна до убедлив триумф и заслужени нови бодови.

Многу понеизвесен беше натпреварот на кадетите, кои во драматична завршница претрпеа минимален пораз од РК Пролет со 31:30. Иако поголемиот дел од натпреварот стружаните водеа сепак победникот беше решен во последните моменти, кога гостите успеаја да ја дојдат до минимална предност.

Сениорскиот состав, пак, од гостувањето кај РК Прилеп се враќа со бод. Стружани одиграа рамноправен натпревар со прилепчани, а по 60 минути игра резултатот гласеше 29:29.

StrugaOnline

error: