ФК Караорман на домашен терен славеше над екипата на Тетекс

Екипата на Караорман со гол во 66. минута што го постигна Дебрешлиоски, успеа да го совлада тимот на Тетекс во рамки на втората лига.

Со оваа победа Караорман ги мина Беса и Арсими на табелата и е на осмото место, додека Тетекс остана на претпоследната позиција со 11 бодови.

