Македонија загуби од Португалија во квалификациите за ЕП 2024

- Спорт
344

Машката репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 29-23 во дуел од третото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Младиот македонски тим ракометари, во вториот дел и по негатива од четири голови успеа да поведе,  но сепак преовлада искуството на португалската екипа.

Во нашиот тим, Кузмановски и Серафимов дадоа по пет гола, а Џонов постигна три.  Кај Португалија Ареја постигна десет , а Итуриза  четири погодоци.

,,Ни недостасуваше фокус и концентрација, а тоа се добива само со играње на вакви натпревари. Треба да поправиме од се по нешто, она што беше очигледно е дека доминираа со корпулентност. Загубивме доста дуели, дефицитирани бевме на пивот позицијата, нивните двајца кружни напаѓачи играат во Барселона и Порто. Сепак, најважно е да се пласираме на Европското првенство, против Турција и Луксембург сме фаворити. Во денешно време не можете да победите лесно на ниту еден натпревар. Не чека вториот натпревар со Португалија ќе одиме да одиграме квалитетно и тој натпревар ќе ни послужи за поголемо искуство во иднина”, изјави селекторот Лазаров.

Реванш средбата меѓу овие две селекции ќе биде в недела во Матосињос со почеток од 18:30 часот.

фото: kl7.mk

Facebook Коментари