Игор Стефановски – Иџе победи на трката во Чешка
Најдобриот македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои првото место на трката „Еко Хомо Штернберг“ во Чешка.

Стефановски стигна прв на целта со време од 3:18.159, вицешампионската позиција му припадна на австриецот Ханес Зенц (3:18.748), а трет заврши домашниот возач Мартин Јерман (3:20.894).

