Денеска групна изложба на неколку ликовни уметници во Струга

- Локални
231

Денеска во Фоајето при Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена групна изложба на неколку ликовни уметници кои  ќе се претстават со свои цртежи во повеќе техники.

Љубителите на уметноста кои ќе ја посетат оваа изложба ќе имаат можност да ги видат делата на следниве уметници:

Владимир Младеноски, Даме Затуровски, Димитрие Дурацовски, Ѓорѓи Крстевски, Марјан Стојаноски, Милко Нестороски, Лида Шерафатманд, Горан Ристовски, Викторија Попоска, Таиса Чепуњоска, Енкел Дика, Кристина Мукоска Затуроска, Ангела Ѓонческа, Ардита Ала, Стефанија Бетоска и Вјоса Положани.

Изложбата ќе биде отворена во 20:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари