Со одлука на Сoбранието на акционери за нов извршен директор на АД РК ОХРИД 2013 и претседател на Управен одбор без ниту еден глас против од присутните делегати е избран Љупчо Танески, спортски работник и државен службеник вработен во локалната самоуправа, која и натаму останува еден од главните финансиери и помагатели на клубот.
Танески доаѓа на раководната позиција во клубот на местото на досегашниот претседател Димитар Спасески кој изминатите три години беше на чело на РК Охрид.
Досегашниот претседател Спасески се заблагодари на членовите на управата, играчите, стручниот штаб и на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески за соработката и поддршката на што, како што рече, се темели успехот на клубот, кој е стабилен суперлигаш и учесник во плејофот.
Новиот претседател Танески најави дека серизно ќе се посвети на работата во клубот со цел продолжување на позитивните резултати во Супер лигата и Купот на Македонија.
Собранието донесе одлука со која го прошири УО на клубот со уште неколку членови. За секретар на клубот е избран Ердин Далип, а спортски директор Ѓоко Апостолов.
Извор: ОХРИД 24
Facebook Коментари