Лука Циндриќ номиниран за ракометар на годината

- Спорт
835

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави имињата на петте ракометари кои влегуваат во конкуренција за најдобар играч за изминатата 2017 година. Меѓу номинираните е и ракометарот на Вардар Лука Циндриќ.

Освен Циндриќ, за ова престижно признание се борат и Никола Карабатиќ (Франција), Сандер Сагосен (Норвешка), Домагој Дувњак (Хрватска) и Анди Шмид (Швајцарија).

Кај девојките номинирани се :Кристина Неагу (Романија), Изабел Гулден (Шведска), Нора Морк (Норвешка), Стине Бредал Офтендал (Норвешка) и Нике Грот (Холандија).

Facebook Коментари