Општина Охрид објави повик за пријавување штети од поплавите

- Локални
664

Oпштина Охрид објави јавен повик до сите граѓани на општина Охрид да пријават евентуални  штети на нивните имоти кои настанаа од поплавите кои се случија поради обилните дождови кои го зафатија овој регион на 4-ти овој месец.

„Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека поплавите  кои го зафатија  подрачјето  на Општина Охрид на 04.02.2018 година, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти ( станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот  од 06.02.2018 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-492.

Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е  Дипл. Земјоделски инжинер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги приложат кон барањето.“ – стои во повикот објавен на web-страната на Општина Охрид

Извор: Општина Охрид

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари