Лев банер Десен банер

Maкедонија бележи скок од шест места на најновата ранг листа на ФИФА

Според најновата ранг листа на ФИФА објавена денеска, Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 71-та позиција што претставува скок за шест места.

На првото место е Германија, а најуспешната тројка според сегашното рангирање ја заокружуваат Бразил и Белгија.

Во првите десет се вбројуваат: Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Чиле и Шпанија.

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации највисоко Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 180-ти, а Гибралтар се наоѓа на 195-тото место.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 19 јули.

Strugaonline

Фото: архива

error: