Македонија денес ќе игра пријателски дуел против Белорусија

- Спорт
902

 

Македонската фудбалска репрезентација го одржа последниот тренинг во пресрет на денешниот контролен натпревар против селекцијата на Белорусија.

По победата во Лихтенштајн, во репрезентацијата сите посакуваат триумф над Белорусија, кој дополнително би ја кренал самодовербата за преостанатите квалификациски натпревари и би ни донесол подобра ранг позиција на ФИФА листата.

Илија Несторовски кој постигна два гола против Лихтенштајн се надева на нова добра игра и против Белорусија и верува дека Македонија по подолго време ќе победи на два натпревари во низа.

Пријателскиот натпревар Македонија-Белорусија ќе се одигра денеска во Скопје со почеток во 18 часот, на Националната арена.

Facebook Коментари