Североистокот на Австралија погоден од циклонот „Деби“

- Свет
763

Илјадници луѓе се евакуирани во понеделник од североисточниот брег на Австралија каде силен циклон, со налети на ветер и до 260 километри, го погоди ова подрачје, корнејќи дрвја и оставајќи десетици илјади домови без струја.

На удар на циклонот „Деби“, кој помина во четврта категорија, прво се најде тропскиот брег на австралиската држава Квинсленд, а најтешко е погодено популарното туристичко место Ерли бич на островот Витсенд, каде што ветерот носеше покриви и корнеше палми., соопшти Бирото за метеорологија.

Властите предупредуваат дека бурата, која бавно се движи, најверојатно ќе трае неколку часа пред да ослаби.

Facebook Коментари