Македонија денеска игра против Бугарија во Лигата на нации

- Спорт
465

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во рамки на новиот циклус во Лигата на нации во Разград игра со селекцијата на Бугарија.

– Секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери, но имаме шанса да ги провериме можностите на сите повикани фудбалери. Бугарија е квалитетен тим, имаат одлични фудбалери. Секој натпревар е различен, мора да имате план кој треба да се исполни. Сепак, се прашува и противникот и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот. Се чувствувам горд кога момците го покажуваат потенцијалот на терен. Задоволство е да се работи со нив како карактери, момци и фудбалери. Во вистинска насока сме, изјави на прес конференција македонскиот селектор Благоја Милевски

На досегашните седум меѓусебни натпревари, сите со пријателски карактер, нашите фудбалери имаат две победи, Бугарите четири, а еден натпревар заврши нерешено.

Facebook Коментари