Play radio 12 години верен пријател на слушателите во Струга и Охрид

- Локални
79

Play radio 90.4 FM, денеска го слави дванаесеттиот роденден.

На 2-ти јуни 2010 година, Плеј радио започна да зрачи во македонскиот етер. Со скромни но квалитетни чекори се градеше тимот кој и ден денеска го разубавува секојдневието на редовните слушатели чии позитивни критики се мотив да бидеме се’ подобри.

Имајќи ги во предвид различните музички вкусови, се трудиме сите да бидат задоволни. Затоа имаме богата музичка програма која вклучува и стари и нови хитови.

Една од нашите главни цели покрај квалитетниот музички избор  е секогаш навремено и точно да ги информираме нашите слушатели за сите актуелности од областа на културата (музика, филм, спорт) , истото го правиме преку емисии од различен карактер.

И понатаму ќе продолжиме да ве едуцираме забавуваме и информираме.

За целосната програмска шема можете да се информирате на нашата официјална веб страница.

Ваше, Play radio.

 

 

Facebook Коментари