Maкедонија денеска игра со Украина во квалификациите за ЕП 2024

- Спорт
474

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе се соочи со Украина во шестото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) што ќе се игра во 2024 година.

„Не е потребно да се трошат зборови за квалитетот на Украина. Има играчи кои играат во топ клубовите. Од друга страна, Македонија многу пати покажа дека може да е конкурентна и со такви ривали. Ме радува нашата форма од септември и се надевам ќе ја задржиме. Утрешниот натпревар ќе биде различен од тој во Скопје. Доаѓаме во фаза двете селекции да се борат за втората позиција и само победа би ни одговарала. Очекувам отворен натпревар со допадлив фудбал. Мора да бидеме пофокусирани за време на сите 90 минути, а не само 60-65 како што беше во Скопје. Првиот меч е детално анализиран, воочени се аномалии во текот на целиот дуел и се надевам тие нема да се повторат. Имаме измени во тимовите од јуни, од тој аспект очекуваме да постои разлика од јунскиот дуел. Во составот нема да биде само Зајков кој се повреди. Сите останати се здрави, се надевам така и ќе остане. Украинците во својот ростер има голем број на исклучително квалитетни играчи. Сметам дека нема да се почувстсвуваат одредени отсуства кај нив“.-изјави вчера селекторот Благоја Милевски.

Македонија и Украина играат на „Епет Арена“ стадионот во Чешка. Натпреварот е закажан за  15:00 часот.

Англија е лидер во групата со 13 бодови, додека Италија, Украина и Македонија имаат по седум бодови, а Малта е без бодови.

фото: Фудбалска репрезентација на Македонија FB

Facebook Коментари