Маратонци по 16-ти пат ќе трчаат за Тоше од Нова Градишка до Крушево

- Македонија
149

Mаратонци од Македонија,  традиционално, по 16-ти пат ќе трчаат во чест на нашиот  Тоше Проески. Својата мисија ја започнуваат денеска од Нова Градишка за на 16-ти октомври да стигнат во Крушево.

Тие ќе трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија. Нивното пристигнување на граничниот премин Табановце се очекува на 15 октомври, од каде продолжуваат кон Скопје каде се очекува да пристигнат околу 18 часот на плоштадот Македонија. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат на 16 октомври (понеделник) околу пладне, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.

Учесниците ќе го завршат ултрамаратонот на Гумење каде ќе му оддадат почит на Тоше.

 

Facebook Коментари