Македонија е европски шампион во младинска кошарка

- Спорт
503

Македонскатата младинска кошаркарска репрезентација  го освои златниот медал на Европското првенство од Б-дивизијата, што синоќа се играше во Скопје. Во финалето, нашите кошаркари ја совладаа селекцијата на Австриja со резултат 98:88, со што македонскките кошаркари до 18 години го завршија првенството без пораз.

Покрај титулата, кошаркарите за награда добиваат и пласман во елитната А-дивизија и настап на следното Европско првенство во Србија.

Македонија одигра осум натпревари на првенството во Скопје и оствари осум победи.

Facebook Коментари