Граѓаните и посетителите на Охрид и Струга, денеска ќе може да извршат бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ и еластографија за хронични црнодробни заболувања во рамки на Националната кампања организирана од Министерството за здравство, „Хепар центар“ од Битола и Клиниката за гастроентерохепатологија.
Според распоредот, во периодот од 09:00 до 11:00 часот мобилната амбуланта ќе биде на Градскиот плоштад во Струга, додека од 17:30 до 19:30 часот на плоштадот во Охрид.
Strugaonline
Facebook Коментари