Во пресрет на последниот квалификациски дуел, ниту на Чешка и зависеше пласманот на ЕП, а ниту на Македонија. Двете селекции одиграа за престиж, за прво место во групата 4.
Македонија по петти пат, а четврти по ред, ќе игра на Европските првенства! Избраниците на Раул Гонзалес и пред мечот со Чешка, практично беа пласирани на континенталниот шампионат, но ништо не препуштија на случајноста и одиграа одличен натпревар. Пред скоро 7.000 гледачи во СЦ „Борис Трајковски“, „црвено-жолтите“ забележаа победа со 33:20.
Чешка немаше никакви шанси ниту да размислува дека може да ни го расипе славјето. Македонските ракометари како никогаш досега играа лесно, прецизно, зрело и пред сѐ мотивирано и без губење на апетитот за постигнување голови.
Најдобар поединец беше капитенот Кире Лазаров со 11 голови од 12 удари, Манасков беше стрелец на 6, а Пешевски на 4 погодоци, додека се истакнаа и голманите Ристовски со 14 одбрани и Митревски кој бранеше 15 минути одбрани 6 удари. Македонија по петти пат ќе биде дел од континенталните шампионати, а десетти пат на големите натпреварувања. Противниците ќе ги дознаеме на 23 јуни на ждрепката во Загреб.
Facebook Коментари