Четкар ќе настапи на најголемиот џез фестивал во Тајланд, Хуа Хин Џез Фестивал

- Музика
936
Владимир Четкар на 24 Јуни ќе настапи на најпознатиот џез фестивал во Тајланд, Хуа Хин џез фестивалот каде е најавен како еден од главните артисти а неговото гостување таму е проследено со големо внимание низ тамошните медиуми за кој Владимир на 22 Јуни ќе одржи  прес конференција во Бангкок.
 
Четкар на турнејата во Тајланд која покрај Хуа Хин фестивалот ќе опфати концерт во Бангкок и мастер клас во Хуа Хин а на сцената ќе биде придружуван од популарниот Тајландски бенд Фанкшн.
 
На овој фестивалн Четкар ќе се претстави со авторска музика а ќе отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд Бумибол Адулиаде кој  бил мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката.

 

Facebook Коментари