Македонија елиминирана од ЕП 2020

Maкедонија го заврши своето учество на Европското првенство во ракомет со катастрофалниот пораз што вчера го доживеа од селекцијата на Австрија. Австријците славеа со резултат 32-28 , а дека нашите ракометари ќе ги пакуваат куферите за дома се навестуваше уште на почетокот од овој наптревар. На одмор отидовме со резултат 18:12, a Австрија во неколку наврати во второто полувреме имаше и двоцифрена предност.
Стоилов со 5 погодоци беше најефикасен во нашиот тим додека на спротивната страна се истакна Билик со 6 постигнати гола.
Нашите ракометари се бореа до самиот крај на натпреварот, но имаа многу бледа игра и грешки кои ги чинеа елиминација од ова европско првенство.
Strugaonline

