Македонија изигра храбро против Хрватска, но на крајот загуби

- Македонија, Спорт
66

Ракометарите на македонската селекција загубија на тестот пред Светското првенство против домашната селекција на Хрватска со 27-25 (13-14). Избраниците на Кирил Лазаров пружија солиден отпор, долго време беа рамноправни и во меч на „неколку топки“ претрпеа неуспех во Вараждин.

Во првите петнаесетина минути се играше гол за гол, а избраниците на Сигурдсон во периодот од 15 минута, па речиси до паузата најчесто водеа со два до три гола разлика.

Македонија до почетокот на Мундијалот ќе одигра уште две пријателски средби, против Сесвете на Игор Вори и против репрезентацијата на Зеленортските Острови.

Избраниците на Кирил Лазаров првиот натпревар на СП ќе го одиграат на 15 јануари против Унгарија, потоа на 17 јануари силите ќе ги одмерат со Холандија, додека на 19 јануари ќе играат против Гвинеја.

StrugaOnline

Facebook Коментари