Македонија ја совлада Летонија и го осигура првото место
Репрезентацијата на Македонија вторпат во овој циклус од Лигата на нациите ја совлада Летонија, овојпат со 1-0 во Скопје и со тоа си го осигура првото место во групата.

Македонија веќе в недела ја очекува нов предизвик, бидејќи ја затвора групата против Фарските Острови. Важно е и овој натпревар да се добие за подобар пласман на финалната табела во ова натпреварување.
Средбата против Фарски Острови се игра в недела, со почеток од 15:00 часот.
StrugaOnline

