Да му помогнеме на 10-годишниот Благојче Рембоски од Струга

- Здравје, Локални
823

Десет годишниот Благојче Рембоски од Струга има потреба од наша помош. Неговите најблиски апелираат до сите хумани граѓани да помогнат за тој да има детство како сите негови врсници.

Од негова три годишна возраст Благојче се бори со пречки во развојот, анксиозност, хиперактивност и недоволна комуникација. По направените испитувања во Русија, посочено е дека е најдобро да прима терапија за подобрување на состојбата во приватна клиника во Србија. Ние како родители, не сме во можност да ја платиме сумата што е потребна и ни е потребна помош, апелираат родителите на Благојче.

Тие ги молат сите граѓани кои се во можност да им помогнат.

Податоци за донации:

Симона Рембоска

дознака: донација за Благојче Рембоски – Струга

жиро сметки во Халк банка:

денарска: 270700101135738

девизна: 0727070010124

StrugaOnline

Facebook Коментари