Македонија ја совлада Словенија, Елиф Елмас sвезда на натпреварот!
Фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2020 година, на домашен терен синоќа ја совлада селекцијата на Словенија (2-1) и освои значајни три бода со кои остана во игра за пласман.

Пред крајот на првиот дел , Елиф Елмас ја затресе мрежата на противникот, но судиите сметаа дека е постигнат во офсајд и истиот беше неважечки и покрај негодувањето на публиката на трибините во арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Но, во педесеттата минута Елиф Елмас погоди повторно , совладувајќи го познатиот голман Јан Облак, за водство од 1:0, а потоа мрежата на противникот успеа да ја затресе и за 2:0.
Словенците намалија на 2-1 преку пеналот кој го реализираше Иличиќ.
Strugaonline
фото: архива

