Со натпреварот Македонија и Франција вечерва во 18:00 часот ќе биде отворено 16-то Европско првенство во ракомет за мажи.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Диселдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар.
,,Знаеме каков индивидуален и колективен квалитет поседува овој ривал, но и да загубиме, важно е да излеземе на терен и да се бориме, да изгледаме сплотени, да покажеме дека имаме потенцијал на сериозна репрезентација. Оние 55.000 луѓе на трибините ќе сакаат да видат спектакл, ние не смееме да потфрлиме. Ако има борба, ако има страст, ако нема предавање, верувам дека нема да ги разочараме и нашите навивачи”- изјави вчера селекторот Лазаров.
Франција досега има четири натпревари против Македонија, на сите четири има победи.
Strugaonline
фото: РФМ
Facebook Коментари