Кристина и Теодора: Од недела во Вишни локалните уметници се соединуваат со природата

- Интервју, Локални
539

Од 14-ти јануари Вишни ќе биде домаќин на зимска резиденција каде четворица локални уметници ќе бидат првите што ќе ги истражуваат условите на локацијата пред Меѓународната уметничка резиденција оваа пролет, во рамки на проектот „Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб, Вишни“. Станува збор за Теодора Ежовска-современ танчер и кореограф, Дамјан Томовски композитор, Горан Ристовски визуелен уметник и Раде Гогоски, кинематограф. Кристина Тодороска Петреска е домаќин-куратор, практично и идеен творец на овој проект. Една од главните цели е да се овозможи, односно да се создаде средина каде се добредојдени и уметноста и заедницата, заедно да создаваат социјални и еколошки одговорни решенија за нашата иднина. Уметниците ќе го истражуваат теренот и ќе соберат искуствена архива, која ќе послужи за создавање на едно колективно дело, сето тоа инспирирано од цртежите од циклусот Траги, на Горан Ристовски. Деталите ги дознавме од Кристина и Теодора.

Целиот разговор можете да го проследите на следниов линк

Извор и фото: Play radio

Facebook Коментари