Maкедонија водеше речиси цел натпревар – на крај пораз од Чешка

- Спорт
869

Натпреварот Македонија-Чешка ќе се памети по тоа што нашата селекција беше во водство во текот на целиот натпревар, а на крај натпреварот беше решен во последните 10 минути кога Чешка успеа да не изненади. Загубивме со резултат 24:25. Овој пораз ни ги скрати шансите за полуфинале, и сега најмногу што можеме е да бидеме на трето место во групата.

На самиот почеток од натпреварот  нашите ракометари направија солидна предност од 4:1 по 8 минути игра. Беше и 5:2.

Преднста од 2 до 4 голови ја одржувавме во текот на целиот прв дел, иако во три наврати имавме шанса да се одлепиме и на плус 5.

Сепак по 12:10, во последната минута од првиот дел Манасков погоди за 13:10, а во финишот Чешка преку пикерот Шлахта ја намали нашата предност на 13:11 и влезе со ветувачка негатива во второто полувреме.

Вториот дел почна во ист стил како што заврши првиот. Така беше до 38 минута, кога Талески ја погоди мрежата на Галиа за 17:12 и првпат плус 5 за Македонија. Имавме и 18:13, 19:14 и 20:15, но Чешка со 2 гола по ред намали на 20:17 преку Хорак и Хрстка во 45 минута.

Стоилов дадегол за 21:17, а по одбраната на Ристовски, истиот играч не погоди, па Хорак казни на спротивната страна за 21:18. Хрстка од пенал намали на 21:19 и ја врати неизвеснота на мечот. Беше и 22:20 откако стрелаа Миркуловски и Здрахала.

Кашпарек имаше шанса да донесе минус 1 за Чешка, но го промаши голот. Мрква го одбрани шутот на Талески и Здрахала погоди за 22:21 во 53 минута, а откако и Манасков не даде гол, Хрстка израмни на 22:22.

Манасков ја исправи грешката на Велковски и со одбојка даде гол за 23:22. Ланда доби трето исклучување по стартот на Стоилов и црвен картон, а капитенот Лазаров не погоди од пенал. Хорак им донесе прво водство на Чесите, 23:24 на 3 минути до крајот.

Не погодивме во следната акција, но промаши и Чешка, па Велковски израмни. Кашпарек им донесе на противниците 24:25, а во следниот долг напад не упативме удар кон голот на Мрква. Чесите згрешија, ние тргнавме во контранапад. Манасков биеше во последните секунди, а судиите по прегледувањето на снимката досудија пенал, што левото крило не го реализираше и победата остана за Чешка, 24:25.

Извор:24ракомет

Facebook Коментари