Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го има својот последен настап на Европското првенство во Германија. Противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, ќе биде репрезентацијата на Швајцарија.
-Швајцарија одигра реми со олимпискиот шампион, Франција. Покажаа дека имаат голем квалитет и имаат големи амбиции. Ќе имаме тежок дуел со екстра-квалитетен противник, индивидуалци како Шмит, Зендер и Портнер, тука е и Робин, добар голгетер. Ако некаде имаме шанси, тоа е дуелот со Швајцарија. Ќе им ја препуштиме ним фаворитската улога, а ние ако се поправиме во некои сегменти, мислам дека можеме да дојдеме до успех. Мора да ги сведеме грешките на минимум или воопшто да ги нема. Некогаш и противникот ве наведува да грешите, ќе мораме со добра одбрана „шест на шест” да дојдеме до позитивен резултат.изјави Лазаров.
Натпреварот ќе се игра во Берлин, а почетокот е закажан за 18:00 часот.
Strugaonline
фото: РФМ
Facebook Коментари