Билтен на СВР Охрид: Охриѓанец физички нападнат од неговата сопруга, кривична за охриѓанец за бесправно градење

- Локални, Хроника
242
На 16.01.2024 година во 00.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.А.Б. од Охрид во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ш.(55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Тој, на катарстарска парцела на улицата „Охридска бригада” во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градба издадено од надлежен Државен орган,  извршил доградба на индивидуална семејна куќа.

Извор: СВР Охрид, фото: Архива
StrugaOnline

Facebook Коментари