Лев банер Десен банер

Македонските ракометни јуниори по втор пат ја совладаа големата Русија

Во своето најдобро издание на СП во Алжир, Македонија ја декласираше силната Русија и обезбеди учество на натпреварот за петтото место, каде за противник ќе го има има екипата на Унгарија која ја совлада екипата на Тунис.

Видовме неверојатна игра од нашите јуниори, кои целосно го надиграа противникот и веќе после 30 минути имаа предност од дури 10 гола, 21:11. Русите, кои на ова првенство покажаа добри резултати и кои ја елиминираа и една Хрватска, денеска беа целосно надиграни и немаа никакви шанси против разиграната Македонија.

Во второто полувреме нашите ракометари во четири наврати имаа и максимални +14, првпат во 36. минута, 25:11, но потоа го забавија темпото и му дозволија на противникот барем малку да ја намали огромната разлика. Со голот во последната секунда, Русија успеа да избегне двоцифрена бламажа, но сепак го доживеа својот најтежок пораз на ова првенство. Ова е втора победа на Македонија против Русија, откако убедливо ја совладавме и во групната фаза, 29:22.

Мечот за петтото место се игра утре, со почеток во 14 часот против Унгарија

error: