Стружани ќе ја запознаат Армијата на САД

- Локални
1632

Под мотото „Запознај ја Армијата на САД“, Американските војници кои пристигнаа во Македонија, заедно со припадниците на Армијата на Република Македонија  ќе посетат неколку градови во нашата земја. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со нивните задачи, начинот на живот, работните обврски и од прва рака ќе дознаат какво е секојдневието на еден Американски војник.

После посетата на Куманово и Скопје, каде војниците беа свечено пречекани, војниците на САД заедно со припадниците на АРМ ќе ги посетат градовите: Штип, Велес, Струмица и Струга.

Посетата на нашиот град е планирана за 4 август на Градска плажа во периодот од 18:00 до 20:00 часот.

Инаку, во наредните две недели Македонија ќе биде домаќин на воената вежба „Dragoon Guardian 17“ која на воениот полиготн Криволак ќе ја спроведуваат вкупно 300 американски војници и 95 припадници на АРМ со вкупно 120 воено-инжинерски возила.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари