Лев банер Десен банер

Младинците на КЛ7 Струга на домашен терен славеа над Работнички

Младинците на  КЛ7 Струга дојдоа четврта победа во младинска конкуренција откако ја совладаа екипата на Работнички со 35:29.

Резултатска контрола беше на  страна на струшките ракометари  во текот на целиот натпревар. На почетокот имаа предност од 7:3 и 9:5, а на крајот од првиот дел заминаа на одмор со водство од 16:13.

Во вториот дел противникот успеа да се врати во игра за момент намалувајќи на само еден погодок, односно 19:18, но нашите младинци повторно ја вратија предноста од 3 погодоци, а потоа и да дојдат до највисоки седум погодоци односно 31:24. На крајот конечниот резултат гласеше 35:29

КЛ7 – Работнички 35:29 (16:13)

КЛ7: Галевски, Тренески, Мишевски 4, Костовски 7, Тутенкоски, Негриески, Мариноски, Ортакоски, Христоски 2, Ѓоргиевски 2, Шулески 4, Бочески 1, Јовановски, Ѓорговски 8, Маркоски, Дуноски 7.

Извор и фото: КЛ7.mk

error: