Од наредната сезона Вардар засилен со ракомерката на Будуќност Драгана Цвијиќ

- Спорт
1229

dragana cvijikj

Од сезоната 2017/2018 нов член на Вардар ќе биде српската интернационалка Драгана Цвијиќ (26 години) која потпиша двегодишен договор со нашиот клуб. Таа игра на позиција пивотмен и во иднина ќе значи многу за уште посилна игра на Вардар особено во одбрана, но и во напад.

Цвијиќ важи за еден од најдобрите пивотмени во светот и во женската лига на шампионите која зад себе веќе има два трофеи од елитното европско натпреварување. Борбена, цврста и секогаш подготвена за дуел игра Цвијиќ е еден од најдобрите дефанзивни играчи покрај која тешко може да минат ривалските играчи. Во нападот е незадржлива и снаодлива на линијата од шест метри.

Драгана Цвијиќ со екипата на Будуќност двапати беше европски првак во 2012 и 2015 година. Последните три сезони постојано е дел од Ф4 турнирот на ЕХФ лигата на шампионките. Во 2014 година беше и вице првак на Европа. Четирипати беше победник на Регионалната ВРХЛ лигата и петпати ја освојуваше двојнате круна во Црна Гора.

dragana-cvijikj1
На репрезентативен план со репрезентацијата на Србија освои сребрен медал на СП 2013. Има и златен медал од Медитеранските игри во Мерсин. Во 2008 година беше избрана за најдобра ракометарка во Србија, а во 2013 година и дел од Ол стар тимот на СП.

Facebook Коментари