Лев банер Десен банер

Пионерите на „Динг“ Струга со победа против РК Бутел и нови бодови на контото

Пионерската екипа на ракометната школа Ракометна школа „Динг“ Струга забележа значајна победа на гостински терен, совладувајќи го РК Бутел во Скопје со резултат 21:17, во коло кое се одигра порано поради празничните денови.

И покрај тоа што настапија со малку изменет состав, дополнет со дел од помладите пионери, стружани одиграа сигурен натпревар и имаа константно водство во текот на сите 60 минути. Посебно значајно е што сите 16 ракометари добија шанса и активно придонесоа за триумфот, покажувајќи тимски дух и ширина во ростерот.

Стабилност и сигурност во играта донесоа поискусните играчи Трпоски, Ковачески и Ојлески, кои беа клучни во контролата на резултатот и освојувањето на новите бодови.

Тренерот Дејан Коцар по натпреварот изрази задоволство од прикажаното:
„Задоволен сум од пристапот и ангажманот на сите играчи. Иако настапивме со комбиниран состав, момците покажаа карактер и дисциплина. Особено ми е драго што сите добија шанса и ја искористија на вистински начин. Ова е доказ дека имаме квалитетна група која може да напредува и да се надградува.“

Во следното коло, Ракометна школа „Динг“ Струга ќе игра на домашен терен, каде ќе го пречека составот на РК Прилеп, во обид да ја продолжи победничката серија.

StrugaOnline

error: