Лев банер Десен банер

Мицкоски во Струга: Почна изградбата на канализацијата во Враништа и увид во клучни инфраструктурни проекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска престојуваше во работна посета на Струга, каде присуствуваше на почетокот на изградбата на канализациониот систем во село Враништа – проект кој по долга институционална постапка конечно започнува со реализација.

За време на посетата, премиерот, Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура и претставници на локалната самоуправа извршија и увид во тековните градежни активности поврзани со реконструкцијата на улицата „Туристичка“, како и на улица во населбата Езерски Лозја, проекти од значење за подобрување на инфраструктурата и условите за живот во општината.

Од Владата посочуваат дека по подолг период, Струга повторно добива заслужено место во развојните политики, при што дел од буџетските средства наменети за капитални инвестиции и развој на општините се насочуваат кон овој регион.

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека ваквите проекти имаат суштинско значење за иднината на граѓаните:
„После долг период, Струга повторно е дел од развојните приоритети. Разликата е очигледна кога се гради и кога се создаваат вредности што траат. Ова се предуслови за вистински прогрес и подобар животен стандард за сите граѓани.“

Со ваквите активности, Владата најавува продолжување на инвестициите во инфраструктурата, со цел поттикнување на економскиот развој и подобрување на квалитетот на живот во сите општини низ државата.

StrugaOnline

error: