Вчера во продавницата “Д-спортска опрема“, која се наоѓа во склопот на спортската арена “Филип Втори” и е официјален партнер на македонската репрезентација, се промовирани новите дресови на македонската ракометна репрезентација.
Промоцијата се одржа под мотото “Со нов дрес до нови победи“, а со овие дресови македонската национална селекција ќе настапи на СП во Германија и во Данска.
На промоцијата беа присутни челниците на РФМ, како и нашите репрезентативци на чело со капитенот Кире Лазаров.
Дресовите се достапни и за љубителите на ракометот, кои можат да ги набавават по промотивна цена од 1119 денари.
Извор и фото: РК Металург
Facebook Коментари