АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа има остатоци од кашест снег

- Македонија
773

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои „Стража“, „Ѓавато“ и „Плетвар“.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево преку „Стража“ се` уште се на сила.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На патиштата се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица, информираат од АМСМ.

Додаваат дека од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2019 година.

Извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари