Лев банер Десен банер

РК Пелистер до прв бод во Лигата на Шампионите

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по 17 порази во Лигата на шампионите, успеа да освои бод, откако вчера одигра реми со Спортинг Лисабон, 24-24.

Иако домаќините водеа со четири гола предност во средината на вториот дел, 20-16, но во последните петнаесетина минути дадоа само два гола, па Спортинг Лисабон со подобра игра во одбраната ги запре шутерите на македонскиот тим и стигна до плус три, 24-21. Сепак за 70 секунди, пелистерци одиграа одлична одбрана, погодија три пати, а голот за реми беше дело на Павле Атанасијевиќ.

Оваа сезона македонскиот тим Еурофарм Пелистер игра по седми пат во Лигата на шампионите, а третпат во групната фаза.

Лани немаше освоено бодови, а последното славје датира од 8 октомври 2005 година, кога битолчани славеа против Кадетен Шафхаузен со 30-27.

StrugaOnline

error: