Фудбалската репрезентација на Македонија повторно се собра на едно место и продолжува со новите предизвици. Следат два дуели од Лигата на нациите, двата се гостувања, а првиот ќе биде предизвик во Рига каде нашиот национален тим гостува кај Летонија (четврток, 18:00).
Сите сакаат да се сочува првото место на табелата пред дуелот со Ерменците на гостински терен во Ереван кој ќе биде клучен во овој циклус од Лигата на нациите за Македонија. Летонците по два одиграни меча имаат една победа над Фарски Острови (1-0) и убедлив пораз од Ерменија (1-4).
Македонија повеќе од една година нема гостинска победа. Билансот е пет порази и едно реми во последните шест средби. Единствена позитивна работа за Македонија е меѓусебниот скор со Летонија – три победи на три меча, со гол-разлика 7-2.
Натпреварот Летонија – Македонија се игра вечерва од 18:00 часот во Рига, а во истиот термин в недела нашите најдобри фудбалери гостуваат кај Ерменија во Еревен.
StrugaOnline
Facebook Коментари