Победничката низа на РК Струга продолжува, на гостувањето во Битола против РК Пелистер извојуваа убедлива победа со 19:28 (4:16).
Од самиот почеток на натпреварот се покажа во која насока ќе се движи натпреварот, недозволувајќи домаќините да постигнат повеќе од 4 голови во првото полувреме. Нашите ракометари имаа комплетна доминација од почеток до самиот крај на средбата.
РК ПЕЛИСТЕР – РК СТРУГА 19:28 (4:16)
Спортска сала: „Младост“ во Битола. Гледачи: 500. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски. Делегат: Димче Грнчаров од Битола.
РК ПЕЛИСТЕР: Ристевски Симеон 11, Илиев Илија 2, Петковски Игор 2, Христовски Михајло 2, Ристовски Кристијан 1, Божиновски Андреј 1.
РК СТРУГА: Крстаноски Христијан 11, Трајкоски Марио 5, Дукоски Ивица 3, Мемед Јасмин 3, Секулоски Наум 2, Милески Ристе 1, Русески Климент 1, Нацев Никола 1, Ферукоски Петар 1.
StrugaOnline
Фото: Ристе Талески
Facebook Коментари