Лев банер Десен банер

РК Струга славеше во Скопје над Ринија

Eкипата на РК Струга, на огромно задоволство на сите љубители на ракометот од нашиот град, на гости ја совлада екипата на Ринија со резултат 32:28. Се одигра еден неизвесен натпревар во кој во поголем дел се играше гол за гол, а домаќините првиот дел го завршија во своја корист со еден гол позитива (12:11). Неизвесноста траеше и со истиот континуитет се играше до половина од второто полувреме кога нашите ракометари ја направија решавачката серија. На крај, РК Струга славеше со резултат 32:28. Најефикасни во нашите реодови беа: Башески со 10 голови, Транчески Јанкулоски и Нацев постигнаа по пет голови, а со четири погодоци натпреварот го завршија Кузманоски и Бајрамоски. Во екипата на Ринија најефикасен беше Филип Анѓелковиќ со 11 постигнати погодоци.

Фото: РК Струга

 

error: