Време: Променливо облачно со дожд и максимални 12 степени

- Македонија
554

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд кои ќе започнат на запад во претпладневните часови. Од пладневните часови врнежите ќе се прошират кон исток, а во текот на ноќта ќе бидат поинтензивни насекаде. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени.  Утре ќе биде речиси идентично како и денеска , но потопло со максимални 14 степени. Најтопло ќе биде во среда со максимални 19 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари