Селекцијата на Македонија ги започна подготовките за двата натпревари во Лигата на Нации
Македонската фудбалска репрезентација ги стартуваше подготовките за двата натпревари во Лигата на Нации против селекциите на Летонија и Фарски Острови. По студеното време во Скопје нашите фудбалери се сплотија во последната мисија оваа година – одбрана на првото место во групата и шест ноемвриски бодови.
Милевски ги има октомвриските јунаци од Рига и Ереван, повратникот Трајковски и неколку млади фудбалери и дебитанти.
Македонија натпреварот против Летонија го игра на 14 ноември, додека три дена подоцна се соочуваме со Фарски Острови. На табелата нашата селекција е првопласирана со десет бода, шест повеќе од Ерменија и Летонија и седум од Фарски Острови кои се последни во групата.
StrugaOnline

