Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата киноавантура.
Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга (голема сала со вклучено греење), утре со почеток во 17:30 часот, ќе биде прикажан првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“.
„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси.
Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга (голема сала со вклучено греење), утре со почеток во 17:30 часот, ќе биде прикажан првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“.

Режијата е на Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.
Филмот, кој е најголемиот анимациски копродукциски проект на Балканот, е изработен со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.
„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на фестивалите „Ситџес“ во Шпанија, „Киненова“ во Македонија и „Мостра Сао Пауло“ во Бразил.
Цената на билетот е 200 ден.
StrugaOnline
Facebook Коментари